еМагазин
Image default
Бизнис

Макошпед со добивка во првите шест месеци

Макошпед АД Скопје за периодот јануари – јуни 2021 година оствари позитивен финансиски резултат од 7.750 илјади денари искажан во неревидираниот Биланс на успех, информира компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни приходи за период јануари – јуни 2021 година изнесуваат 42.264 илјади денари и бележат намалување од 26%, што најмногу се должи на падот на останатите оперативни приходи од 91%.

Приходите од продажба изнесуваат 38.750 илјади денари и бележат намалување од 21%, што најмногу се должи на падот на приходи од продажба на странски пазар од 82% во однос на истиот период 2020 година.

Финансиските приходи изнесуваат 3.056 илјади денари и во споредба со 2020 година се на речиси исто ниво.

 Вкупните расходи за период јануари – јуни 2021 година во износ од 33.838 илјади денари бележат пад од 29% во однос на вкупните расходи за истиот период 2020 година.

Оперативните расходи во периодот јануари – јуни 2021 година изнесуваат 33.703 илјади денари и бележат пад од 29% во однос на истиот период 2020 година.

Финансиските расходи изнесуваат 135 илјади денари и бележат зголемување во однос на финансиските расходи за истиот период 2020 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидија Трајковиќ избрана за претседател на Одборот на директори на Макошпед

На генералниот директор на Макошпед лани исплатени 1,1 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата даде дозвола за работа на бугарскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“

Редакција

Вчера и денеска се увезува струја поради мал дефект на еден од блоковите во РЕК Битола

Редакција

Во Македонија ќе се произведува амбалажа за ковид-вакцините

Редакција