Микробиологот проф. д-р Никола Пановски за ТВ Канал 5 вели дека тие што направија и дозволија да имаме 5.000 нови случаи на Ковид-19 и веќе 50 починати, а сѐ уште сме на почеток, треба да понесат одговорност.
– Тие родители, што сѐ уште не се вакцинирани целосно, имаат време да се вакцинираат. Евентуално, би требало да им се даде рок на родителите да се вакцинираат. Тоа има логика, за децата да им тргнат на училиште, вели Пановски и посочува дека „ако некој бил толку храбар и дозволил свадби и прослави во затворено, може да биде и помалку храбар и да дозволи нешто корисно, а тоа е да се отворат училиштата“.
– Факт е дека со вакцина нема да имаме колективен имунитет, тоа треба јавно да се признае. Само природниот имунитет може да даде колективен имунитет кој кај нас е недозволиво потценет. Значи, вакцината користи, апелирам луѓето да се вакцинираат, вели Пановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Пановски со апел до граѓаните вакцинирани со една доза за влегувањето во кафани и кафулињата