еМагазин
Image default
Македонија

Најмногу новозаболени со Ковид-19 во Македонија има кај лицата на возраст од 20-29 години

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 9 до 15 август покажуваат дека се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи.

“Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 20-29 години (n=935, 21,7%).

Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=77; 1,8%).

Се забележува зголемување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување кај возрасната група над 60 години за 3,3 пати повеќе во однос на претходната недела.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.949 (45,3%) лица од машки и 2.353 (54,7%) од женски пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 404 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со 2,6 пати зголемување во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 2,6 пати повеќе нови случаи на Ковид-19 во Македонија споредено со минатата недела

(Мапа) Најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Гостивар

За една недела 51 лице починало од Ковид-19, најмногу во Тетово, 15

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа тројца пациенти од Ковид-19

Редакција

“Самоопределување“ не е регистрирана во Македонија и неможе да учествува на изборите, вели претседателот на косовската партија, Курти

Редакција

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не поддржува уставни измени под вакви услови, но е спремна да влезе во влада со СДСМ без ДУИ

Редакција