еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професор Трајковски: Влегуваме во финалето на ужасот, кој не се вакцинирал и не прележал, најдобро да избегнува луѓе во затворен простор

Ви ја пренесуваме последната анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно ја анализира и коментира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

„Репродукцискиот број Rt и преносливоста продолжуваат да се намалуваат (на дијаграмот на првата слика), а денешниот број на случаи (1.155) совршено се поклопува со моделското предвидување.

Пред нас се двата дена во неделата со вобичаено најголем број на случаи во неделата, па да видиме како ќе поминат.

Ако во сабота видиме помалку од 1.300, би било релативен успех.

Од друга страна, стапката на позитивни тестови достигна рекордни вредности во овој бран.

Денешната вредност изнесува 18,46%, а седумдневната подвижна средина изнесува 12,34% (сината и црвената линија на вториот дијаграм).

Не сме далеку од точката од присуство на вирусот насекаде (пролетва тоа се случи при стапка над 30%), всушност тоа во моментот и се случува во Тетово и Гостивар.

Тоа е точка на тотална капитулација, тотално неконтролирана ситуација кога повеќе ништо не помага, освен строг локдаун.

Меѓутоа, ниту властите, ниту населението тоа не го посакуваат, секој од свои причини.

Тие што се заразиле го сметаат заразувањето за лоша среќа, а оние што сé уште не се заразиле мислат дека вирусот не им може ништо.

Во Тетово одвај четвртина од населението верува во вакцини, па ништо подобро и не можело да се очекува. Храбро се одигрува сценариото на неконтролирано заразување и колективен имунитет од прележување.

Заклучно со 05.08.2021 (14 дена наназад од денес) во државата биле вакцинирани точно 20% од популацијата. Толку се реално заштитени со вакцините.

Дури и да претпоставиме дека популацијата изнесува помалку од 2,08 милиони жители (пореално е околу 1,8 милиони, па дури и само 1,5 милиони жители, според директорот на Државниот завод за статистика), сепак се работи за премал удел од популацијата заштитен со вакцини.

Тоа секако би требало да се одрази на максималната вредност на стапката на позитивни тестови на врвот од овој бран, но не премногу. Ако во април сме имале 35%, сега би можеле да дотуркаме близу до 30%.

Со денешните 18,5% би требало да сме веќе поблиску до врвот отколку до подножјето на бранот.

Сега многу побрзо и се додаваат нови случаи, па има шанси врвот на летниот бран да биде достигнат околу 1 септември, иако се уште е рано за попрецизна прогноза. Прогнозата за врвните дневни бројки засега е за околу 1.600, со можност за корекција нагоре.

Деновиве влегуваме во зоната на врвот, финалето на ужасот, па кој што не се вакцинирал и не прележал, најдобро да избегнува луѓе во затворен простор, затоа што вирусот ќе го има насекаде.

Кога не би имале други индикатори, само со следење на стапката на позитивни тестови можеме многу да научиме, иако со масовно тестирање и во домашни услови статистиките се прилично искривени“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професорот Трајковски пресмета колку лица ќе можат да се надеваат на влез во кафеана или патување во странство со прележан ковид 45 дена од оздравувањето

Професор Трајковски: Луѓе со симптоми на Ковид-19 се тестираат дома и непречено се шетаат наоколу и го расејуваат вирусот

Професор Трајковски: Одењето на свадба со една доза вакцина нема апсолутно никаква епидемиолошка, ни здраворазумска логика

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната плата за три години „скокна“ за 50 евра: Недостигаат уште толку за просек од 500 евра

Редакција

Каков имот пријавил Иџет Мемети, осомничен за случајот со Наке Георгиев

Редакција

Каков имот пријавил Бисломоски, кој е реизбран за претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Редакција