еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

И на аеродромите во Скопје и Охрид влез со тест, потврда за вакцинација или прележан Ковид-19

На аеродромите во државава од синоќа во 21 часот влез во аеродромските терминални згради е дозволен само со приложување: сертификат за извршена вакцинација против Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина, или сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување.

Ова не се однесува на лица под 18 години.

Во известувањето до патниците на веб страницата на Меѓународниот аеродром Скопје е наведено дека е извршена измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија.

-Согласно Одлуката на Владата за изменување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид-19 предизвикана од вирусот Sars-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена извршена е измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија, стои во известувањето.

Од ТАВ Македонија апелираат до патниците да ги почитуваат превентивните мерки против Ковид-19 што се применуваат во аеродромската терминална зграда.

-Постојано носете заштитна маска, одржувајте физичко растојание, често дезинфицирајте ги рацете, практикувајте бесконтактни технологии за завршување на аеродромските процедури, порачуваат од ТАВ Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каде се нема да можете да влезете ако не сте вакциниран или не сте прележале Ковид-19

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го менува законот за финансиска дисциплина: Нови правила за доцнење во исплатата

Редакција

Каков имот пријавил Антонио Милошоски, кој е избран за потпретседател на Собранието

Редакција

(Галерија) Како во бајка: Како изгледа Охрид новогодишно

Редакција