еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 503.401 граѓани: 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 674.510 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 13.108 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.712 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.177.911 дози вакцини, а ревакцинирани се 503.401 граѓани.

„Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 68% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 64% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 55% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ информираат од Министерство.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата,“ се додава во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска средба за францускиот предлог на партиите од владината коалиција

Редакција

Случајот „Меѓународен сојуз” не е измама, смета адвокат Сашо Дуковски

Редакција

„Белата палата“ на продажба: Со колкав имот располага ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција