еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

100.000 швајцарски франци пронајдени во пантолоните на возач на гостиварски автобус

При контрола на автобус пријавен за излез од земјава на граничниот премин „Деве Баир“, царински инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци од шофер на автобус, информираат од Царинската управа.

„На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки GV7396АD на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О., државјанин на Р.Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул.

При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени две пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци“, информираат од Царинската управа.

Девизните средства се привремено одземени со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Основниот суд во Крива Паланка.

Фото: Царина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девојка – фантом откриена во „Мерцедес“ на Блаце

Редакција

Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот Оливер Спасовски

Редакција

Отворено со Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Обожавам да пеам, сакав да станам пејачка

Петре Димитров