еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи

Времето денеска во утринските часови ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Позастапена нестабилноста ќе има во јужните делови од земјава каде локално врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м2), проследени со почести грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. УВ индексот изнесува пет.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Утре ќе има локален дожд со ретки грмежи, претежно во западните делови. Потоа ќе биде малку до умерено облачно, со слаб до умерен, а на места и засилен ветер од североисточен правец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија во 21 век: Половина од вкупниот број фирми немаат веб-страница

Редакција

Нови директори во „Водовод и канализација“, МКЦ и Зоолошка градина

Редакција

ЗК Пелагонија: Стопанска банка Скопје наплати 2 милиони евра недоспеани кредити и им зема 10 плати на работниците

Редакција