еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Трагедија вечерва во Тетово: Страотен пожар во ковид-центарот, има и жртви

Страшен пожар вечерва го зафати ковид-центарот во Тетово, а има и жртви.

„Страотна несреќа се случи во Тетово, каде има и жртви, во пожарот кој го зафати ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов.

Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани.

Наскоро ќе излеземе со нови информации,“ напиша министерот за здравство Венко Филипче на Твитер.

Според првичните информации, веднаш по избувнувањето, пожарот започнал да се шири со огромна брзина.

Фото: МИА/ Видео: Тетовоинфо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Седат Сулејмани, заменик министерот за култура

Редакција

Детален преглед: Што пишува во конечните амандмани на Уставот согласно договорот со Грција?

Редакција

(Фото) Историско признавање на Македонците во Грција: Официјално регистриран “Центарот на македонскиот јазик“

Редакција