еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Стевановиќ: На смртноста од Ковид-19 влијаат генетските, тешките болести, возраста…

Директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ во интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека модуларните болници се безбедни и до сега тие спасиле илјадници животи.

„Видете, јас верувам дека се безбедни. Сите тие имаат свој технички прием и градежни документи без никаква замерка. Еве да зборувам за модуларната болница која има капацитет дури од 70 легла и е припиена кон Клиниката за инфективни болести.

Да ве потсетам, илјадници пациенти беа спасени од тешка клиничка слика од ковид, од средно тешка клиничка слика на ковид и ние не можеме да кажеме дека модуларната болница не е начин за едно квалитетно згрижување и третирање и нега на пациентите,“ вели таа.

Во однос на смртноста од Ковид-19 вели дека влијаат од една страна индивидуалните карактеристики на пациентот, влијаат генетските, тешките болести, возраста и тоа одзема еден сериозен процент од пациентите.

„Сведоци сме и на губење на млади и здрави пациенти, барем немаме податок дека биле болни и мора да ги третираме како здрави пациенти.

Од друга страна, верувањето или не во заштитните мерки, верувањето во болеста или не, долгорочното домашно лекување, во знак на наод ќе кажам различни здравствени структури и пријатели, порано не, но, во овој налет бар го согледуваме.

Даваме инфузии, а пациентите не знааат какви се тие инфузии кои им се давани и тоа е еден навистина сериозен проблем,“ вели Стевановиќ.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ во вторник ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Редакција

Во две блок трансакции продадени акции од Комерцијална банка

Редакција

Србија, со која преговараше Македонија, забрани извоз на гас

Редакција