еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Досега попишани 512.457 лица, директорот на ДЗС тврди дека пописот се одвива без застои и проблеми

Заклучно со вчера до 20 часот попишани се 512.457 лица, 158.519 домаќинства и 212.464 станови. Масовниот одзив покажува за свесноста и одговорноста на секој од нас да придонесе за собирањето податоци, важни за креирање на заедничката иднина. Владата очекува пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да завршат до 30 септември, информира на денешната прес-конфернеција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, нагласи дека Пописот 2021 се одвива со посакуваниот интензитет, нормално без никакви застои и проблеми.

– Вчера, попишавме точно 93.235 лица, 29.491 домаќинство и 40.155 станови. Ова се навистина прекрасни податоци, особено што се работи за работен ден, за разлика од претходните кога беа за време на викенд и очекувано беа повисоки, бидејќи населението е дома.

Исклучително сме задоволни и од темпото и од работата на попишувачите и се надеваме дека ваквото темпо ќе продолжи и понатаму и без никаков проблем ќе го завршиме пописот во предвидениот рок, изјави Симовски.

На почетокот, посочи Симовски, имавме мали технички застои кои се надминати и веќе три дена по ред без никакви проблеми се спроведува попишувањето и интензитетот е исклучително задоволувачки.

– Очекувам наредниот период да нема повеќе вакви случаи, но и да се случат, постои цел тим зад нас, кој постојано е подготвен и дежура. Има голем пописен штаб, каде што за секој дел и од техничките решенија и методолошките прашања веднаш се решаваат.

Не очекуваме никакви проблеми и мислам дека некаде на крајот на месецот ќе објавиме конечно дека сме завршиле успешно со пописот и операцијата е целосно готова, изјави Симовски.

Одбивањата на попишување се незначителни, рече директорот на ДЗС, но точна бројка за колку лица станува број, очекува да добие денеска.

– Таму каде што имаме првично одбивање, одиме и разговараме. Оди нашиот државен инструктор и член на пописна комисија и досега, најчеста пракса е тие луѓе да се убедат и попишат.

Не применуваме никакви санкции се уште и се надеваме дека тоа нема да се случи до крајот на попишувањето, односно дека ќе успееме овие луѓе да ги убедиме дека, онаа пропаганда против спроведувањето на пописот се дезинформации и целта е сосема друга, изјави Симовски.

Клучот за некое лице да биде попишано, како што посочи, е матичниот број и без документ не може да се направи попишување, додека таму каде што некој член не е присутен се договора термин кога ќе биде присутен и да се попише.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималната синдикална кошничка за декември 51.235 денари

Редакција

ЕСМ склучи договор со Технокомерц за набавка на градежна механизација и возила за специјална намена

Редакција

Нови 155 случаи на Ковид-19 од 1.179 тестирања

Редакција