Седум од дванаесетте пациенти кои беа спасени од пожарот и примени во модуларната болница во Тетово како оздравени од Ковид-19 и опоравени се пуштени од болничко лекување и се наоѓааат во своите домови, информираат од ковид центарот при Клиничката болница.
За 24 часа починала една пациентка со Ковид-19, родена 1963 година, хоспитализирана во интернистичиот блок на ковид центарот.
-Седум пациенти кои беа спасени од пожарот и примени во модуларната болница се пуштени дома, додека другите се се уште се хоспитализирани. Ковид центрот кај нас има доволен персонал за здравствена заштита, изјави денес д-р Гзим Нуредини, координатор во ковид центарот.
Новопримени на болничко лекување се тројца пациенти. Во моментот има 40 хоспитализирани пациенти, а за 24 часа имало 81 прегледи во амбулантата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Нова снимка од страотниот пожар во ковид-центарот во Тетово, се слушаат и експлозии
МИА/Фото: МИА