еМагазин
Image default
Македонија

Вирусот во моментов има широка инфекција, периодов може да биде зголемена потребата од хоспитализации, вели Филипче

Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, објави денеска на својот Фејсбук профил, министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека изутрината на редовна координација со директорите на клиниките разговарале за болничките капацитети, состојбата на болните и актуелната епидемиолошка состојба.

-Во ковид – центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира.

Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој, напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемување од 11,8%: За една недела со Ковид-19 се заразиле 95 деца на возраст до 9 години

За една недела во Македонија од Ковид-19 починале 142 лица, најмногу од Скопје, Струмица и Куманово

За една недела 31 лице повторно се заразило со Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на Антикорупциска, Димитровска, одавала податоци кои се службена тајна на обвинет во случајот „Адитив“: Детали од Обвинителство

Редакција

Многу мостови низ Македонија опасни по безбедноста на граѓаните

Редакција

14 новозаболени од Ковид-19 во Куманово и едно лице во Липково

Редакција