еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се новите правила за влез на македонските граѓани во Австрија

Кога влегувате во Австрија, мора да обезбедите еден од следните докази: доказ за вакцинација или доказ за прележана Kовид-19, што претставува единствен начин да се избегне карантин (самоизолација) 10 дена, која може да биде прекинат по 5 дена со нов негативен резултат на ПЦР тест, информираат од Министерство за надворешни работи.

„Малолетниците до дванаесет години, исто така, мора да се изолираат и да се регистрираат при пристигнувањето, освен ако возрасниот што патува со нив не е ослободен од самоизолација, децата над 12 години мора да поседуваат доказ за вакцинација или доказ за прележан Kовид-19.

За примена вакцина со единечна доза, мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 дена, но не повеќе од 360 дена пред пристигнувањето,“ информираат од МНР.

Повеќе информации за рестриктивните мерки за сите држави можете да најдете на веб страната на МНР, на следниот линк mfa.gov.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите правила за влез на македонските граѓани во Белгија

Кои се новите правила за влез на македонските граѓани во Швајцарија

Фото: Photo by Dan Visan on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Пендаровски од Загреб: Добрата вест е што португалското претседателство заврши

Редакција

Денеска многу топло – активирана жолта, а на југоистокот портокалова фаза за опасност од високи температури

Редакција

Просечната нето плата во декември 43.587 денари

Редакција