еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Светот е на пат кон катастрофа, предупредува генералниот секретар на ОН

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш нагласи дека светот е на пат кон катастрофа, доколку владите не се обврзат на поамбициозни намалувања на емисиите на штетни гасови, со цел да се запре глобалното затоплување и неговите последици.

Новиот извештај на ОН, што содржи преглед на сите национални обврски поднесени од потписниците на Париската климатска спогодба до 30 јули, наведува дека тие ќе доведат до зголемување на емисиите на штетни гасови за речиси 16 проценти до 2030 година, во споредба со нивоата од 2010 година

Парискиот климатски договор ја постави целта глобалното затоплување да се одржува под два Целзиусови степени до крајот на векот, и идеално на максимални 1,5 степени, додека експертите велат дека планетата веќе се загревала за 1,1 степени Целзиусови уште од прединдустриското време.

– Светот е на катастрофален пат до загревање до 2,7 степени Целзиусови, нагласи генералниот секретар на ОН.

Тој додаде дека е неопходно емисиите да се намалат за 45 отсто до 2030 година, со цел да се постигне неутралност на јаглерод до средината на векот.

Околу 113 земји, вклучувајќи ги САД и Европската унија, до крајот на јули поднесоа ревизија на Националниот определен придонес (НДЦ) во рамки на Парискиот договор за климата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ќотек и склекови за Индијците кои не ги почитуваат забраните за корона вирусот

Редакција

Вкупно до сега 5.151: Починаа 16 лица од Ковид-19

Редакција

Девет починале: Вкупно 1.013 лица по вторпат заболеле од Ковид-19, две по третпат

Редакција