еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче се сретна со дел од хирурзите од ГОБ „8 Септември“: Привремено ќе се реши проблемот со операциите

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево оствари средба со претставници на хируршкиот колектив на ГОБ „8 Септември“ и со директорот на болницата Христијан Костов.

„На средбата беа разгледани повеќе аспекти од состојбата, односно во ГОБ „8 Спетември“ во моментов се лекуваат 100 пациенти со Ковид-19, па оттука и редуцираноста на бројот на хируршки одделенија, но сепак со запазување на итни случаи како малигноми и фрактури.

Тие интервенции се одвиваат тековно. За време на средбата се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во тек на престојните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот,“ се вели во соопштението.

Денеска, 40 хирурзи од ГОБ „8 Септември“ најавија дека од понеделник ќе прекинат со извршување на операции, освен оние во животозагрозувачка состојба, бидејќи од шест операциони сали функционираат само две и не се задоволни од организацијата на работата од страна на директорот Костов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хирурзите од ГОБ „8 Септември“ со писмо до Заев и Филипче: Нема да работат итни операции, има незадоволство од директорот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако има потреба ќе ги продолжиме рестриктивните мерки и по 20 април, најави Филипче

Редакција

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје поставени венци за оддавање почит на жртвите во автобуската несреќа

Редакција

Од 24 запишани, во Белград гласале 17 македонски државјани

Редакција