еМагазин
Image default
Бизнис

САД ја зголемија вредноста на грантот за партнерство со Македонија од 8,2 милиони на 56,6 милиони долари

Владата на на денешната 108.седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од склучување на нов усогласен текст на Амандманот бр.1 на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, и го овласти министерот на финансии Фатмир Бесими да ги потпише договорот со новиот амандман според кој УСАИД го зголемува вкупниот планиран придонес од 8.258.792 долари на 56.610.000 долари.

Овие средства, како што информираат од владината прес-служба, УСАИД ќе ги додели во текот на следните 4-5 години за проекти за зајакнување на економската конкурентност, за зголемување на придонесот на младите во општеството и за проекти и програми за намалување на корупцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доминација: „Виза“ и „Мастер кард“ омилени платежни картички на македонските граѓани

Редакција

Визер ги укина летовите од Скопје до Барселона и Ларнака и од Охрид до Милано

Редакција

(Фото) Обновен летот Белград-Охрид

Редакција