Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица од Ковид-19: 8 починати лица од Скопје (59г, 65г, 68г, 70г, 72г, 80г, 83г и 86г), 4 починати лица од Куманово (64г, 69г, 71г и 79г) и по едно починато лице од Охрид (93г), Радовиш (72г), Струмица (87г), Битола (90г) и Гостивар (63г).
Од пријавените починати лица 16 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до 30.09.2021 година.
Починатите лица се по едно лице од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 години.
Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Вкупната бројка на починати е 6.740.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 1.348 болни од Ковид-19
Нови 399 случаи на Ковид-19, во Скопје 197
Фото: МЗ