еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

При контрола во туристички автобус кој патувал кон Германија, откриени 19 фалсификувани ПЦР-тестови

Полициски службеници од СВР Куманово од Одделот за криминалистичка полиција, при отсекот за економски криминалитет извршиле контрола на автобус на туристичка агенција, при што од вкупно 50 патници кои се превезувале, кај 19 се откриени фалсификувани ПЦР тестови.

Автобусот превезувал патници на релација од Македонија кон Германија.

-По извршените проверки констатирано е дека станува збор за фалсификувани ПЦР тестови, што патниците ги набавиле од едно лице од Струмица, по цена од 1.000 денари по тест, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Есенска бура“ на Криволак: Tестирање на борбената готовност на македонските единици

Редакција

Двајца починати од Ковид-19 во Македонија за една недела

Редакција

46 загинати во несреќата во Грција, непознат бројот на исчезнатите патници, железничарите штрајкуваат

Редакција