Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица од Ковид-19: 3 починати лица од Куманово (32г, 72г и 77г), по 2 починати лица од Охрид (59г и 64г) и Свети Николе (66г и 68г) и по едно починато лице од Крива Паланка (88г), Берово (74г) и Скопје (69г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година.
Регистрирани се 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на починати е 6.831.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 240 болни од Ковид-19
Нови 316 случаи на Ковид-19, во Скопје 140
Фото: МЗ