еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најмладото на 22-годишна возраст: Од Ковид-19 починале 14 лица, дополнително пријавени уште 7

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица од Ковид-19: 6 починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г, 72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г), Радовиш (67г), Куманово (90г) и Струмица (66г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година.

Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Вкупниот број на починати е 6.922.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 245 оздравени од Ковид-19

За 24 часа 395 нови случаи на Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Во првите девет месеци 72 компании кои котираат на Берзата оствариле добивка, а 18 загуба

Редакција

Пред кризата 360.000 луѓе живееле во сиромаштија, а до крајот на годината бројката ќе се зголеми на 510.000

Редакција

Кристиан Лешков нов извршен директор на Сава осигурување

Редакција