Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска на прес-конференција обвини дека и сопругот на Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Скопје има бугарско државјанство.
“Данела Арсовска ги лаже граѓаните. Целата лажна слика што се обидуваше да ја креира околу себе кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, падна во вода.
Во овој случај, не е важно Даниела како се чувствува, Северна Македонија е татковина за сите. Но, проблемот е што Данела Арсовска ги лаже граѓаните, има нечесен и неискрен пристап кон нив.
Ако Данела лаже и крие за нејзиното бугарско државјанство, можете да замислите што се друго крие и лаже“, рече Петровска, која тврди дека не само Арсовска, туку дека целото нејзино семејство имало бугарско државјанство.
“Ова е Удостоверението на Ангел Арсовски, сопруг на Арсовска, издадено 2010 година. Идентично исто како и Арсовска, и Арсовски има бугарска лична карта. Со име и презиме, со номер, со гражданство.
Бугарската лична карта на Ангел Арсовски е издадена еден месец пред бугарската лична карта на Данела, односно на трети април 2017 година. И неговата исто како и онаа на Данела е се уште важечка.
Валидноста, односно веродостојноста на овие документи кои ги објавуваме се потврдува преку официјалната интернет страница на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија. Со внесување на датум на раѓање и број на документ, во овој случај двете лични карти, има официјална потврда за нивната валидноста“, рече Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Арсовска: Не поседувам бугарско државјанство и никогаш не сум го носела името Даниела
(Видео+Фото) СДСМ објави лична карта на Даниела Арсовска од Петрич
Фото/видео: СДСМ