Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица од Ковид-19: 3 починати лица од Скопје (66г, 69г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (79г), Охрид (76г), Демир Хисар (17г) и Штип (73г).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
17-годишна пациентка почина од Ковид-19, имала хронично заболување јувенилен дијабетес
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 01.09.2021 година до 22.10.2021 година.
Регистрирани се 2 починати лица од Гостивари по едно починато лице од Кочани и Кичево на возраст од 55 до 86 години, од кои 2 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Вкупниот број на починати е 7.098.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 321 оздравени од Ковид-19
Регистрирани 436 нови случаи на Ковид-19, во Скопје 203
Фото: МЗ