Во периодот 01.01-30.09.2021 година Европа АД Скопје оствари вкупни бруто приходи во износ од 605.229.406 денари и истите се зголемени за 1% во однос на бруто приходите од 2020 година за истиот период, информираат од компанијата преку Македонската берза.
“Вкупните оперативни приходи за 01.01-30.09.2021 година се зголемени за 5% во однос на истите во 2020 година. Останатите приходи се намалени за 38%, а финансиските приходи се зголемени за 55% во однос на 2020 година.
Вкупните расходите се зголемени за 3% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01-30.09.2021 година се зголемени за 3%, а финансиските расходи се намалени за 24% во однос на минатата година.
Европа за периодот 01.01-30.09.2021 година оствари добивка во износ од 51.591.911 денари и е помала во однос на претходната година за 18%“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Европа“ ќе ги награди членовите на Одборот на директори со 146.000 евра