Кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Горан Сугарески информираше дека во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално, така и на централно ниво, поднесува оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ.
„Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки.
Упатувам благодарност на актуелното партиско раководство, како и на сите членови на партијата за укажаната можност да извршувам високи партиски функции, меѓу кои и последната, претседател и член на Надзорниот одбор.
Јас сум социјалдемократ, секогаш тоа и ќе бидам. Останувам верен на партијата и се ставам на располагање за било каков понатамошен ангажман,“ напиша Сугарески на неговиот Фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа од БЕСА, се заканува со уривање на Владата
Фото: Фејсбук/Сугаревски