еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија обезбеди привремен престој за 131 авганистански граѓанин вработени во Обединетите нации

На Меѓународниот аеродром во Скопје синоќа пристигна група од 131 граѓанин на Авганистан. Се работи за вработени на Обединетите нации, за кои Македонија обезбеди привремен престој до нивното заминување во трета држава.

Од владината прес-служба информираат дека земјава со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт.

По слетувањето, беше спроведена стандардната процедура – безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Како што соопштија од Владата, тие ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.

Инаку, во земјава во моментов престојуваат 531 граѓанин на Авганистан, за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош.

Од Македонија до сега заминаа 84 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професорите Ристевски и Јанев осудени на 2,5, а Шуклев на 2 години затвор за случајот „Еразмус“

Редакција

Обвинителство бара притвор за малолетникот кој усмрти жена на Пластичарска улица

Редакција

Нови 135 случаи на Ковид-19 од 1.993 тестирања

Редакција