еМагазин
Image default
Македонија

Генералниот совет на ДУИ утре ќе одржи состанок

Партиското раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) утре ќе одржи состанок.

Како што потврди за МИА портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, состанокот на Генералниот совет ќе се одржи во 13 часот.

Доцна синоќа лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот Фејсбук профил соопшти дека е во постојана комуникација со сите политички партии, „освен со оние кои се против Охридскиот договор и евроатлантската иднина на земјата, со цел менаџирање на состојбата создадена по оставката на премиерот и лидер на коалицискиот партнер СДСМ Зоран Заев“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Заедно ќе успееме, нема да постапуваме со емоции, во контакт сме со ЕУ, САД и НАТО,“ им порача Ахмети на своите сопартијци

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи Зајд нема да го поддржи новото мнозинство на опозицијата, поради Левица

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЈО и официјално е историја, Јовески уверува дека предметите ќе добијат завршница

Редакција

До сега попишани вкупно 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови

Редакција

Чистачка во бугарскиот Конзулат во Битола имала пристап до архивата и интервјуирала кандидати за бугарско државјанство

Редакција