Денеска во ресторанот Ара Тетово, со почеток во 13 часот состанок ќе одржи Генералниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Состанокот се одржува по повод новонастанатата политичка ситуација, откако опозицијата обезбеди парламентарно мнозинство за гласање на недоверба на Владата.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети информираше дека бил во координација со стратешките партнери САД, ЕУ и НАТО.
„Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите партии, освен оние кои го негираат Охридскиот договор, Преспа, добрососедството, НАТО, Република Косово и Албанците“, напиша Ахмети на Фејсбук.
Тој најави дека нема да се постапува ниту со емоции, ниту во еуфорија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.