„Домашно со љубов“ е настанот кој од 11 до 25 ноември се одржува во сите Веро маркети, во чиј фокус се производи на македонски производители кои ги спојуваат традицијата и врвниот квалитет на домашното производство, информираат од компанијата.
Овие производи им се достапни на потрошувачите по промотивни цени и со специјално креирани понуди, овозможувајќи нивна поголема видливост и пласман.
Со организацијата на овој настан, Веро уште еднаш ги потврдува своите заложби за поголема промоција на домашните производи и поддршка на домашното производство. Целосната понуда во Веро маркетите во најголем дел се темели на производи од домашно производство и на долгорочна соработка со локалните добавувачи, со што им дава неопходен стимул за развој на нивните бизниси.
Понудата на „Домашно со љубов“ ја сочинуваат производи од широк асортиман, како што се најразлични млечни производи подготвени по традиционални рецепти и од најквалитетни суровини од чистите пасишта од различни региони низ земјава, како и вкусен домашен леб, кифлички и други житни производи.
Дел од понудата е и најквалитетна зимница од домашно производство и вкусни слатка и џемови, како и домашно пиво и вино кои се неодминлив детал на секоја трпеза. Во промотивниот период потрошувачите може да уживаат во домашни чаеви и природни сокови, како и во различни слатки и кондиторски производи на македонски производители.
Од Веро истакнуваат дека настанот „Домашно со љубов“ е дел од настаните поврзани со промоција на производи од различни земји од светот, како што досега тоа беше случај со Грција, Франција и Германија.
„Кога промовираме производи од различни земји од светот, не може да изостане промоцијата на нашите домашни производи. Македонија има многу препознатливи производи и брендови кои по квалитетот се на ниво на светскиот пазар, а во некои категории и над него, така што секој дополнителен стимул ги носи домашните производи на едно скалило повисоко.
Ние во Веро имаме огромна доверба во домашните производители и добавувачи со кои градиме долгогодишен партнерски однос. Како компанија секогаш сме тука да ги поддржиме на секој начин со цел да им овозможиме уште подобар пласман и промоција на нивните производи пред потрошувачите, а со тоа да ѝ дадеме поддршка и на целокупната домашна економија,“ вели Петар Денковски, генерален директор на Веро.