еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собраниската седница за недоверба на Владата прекината поради немање кворум, кога и дали ќе продолжи не се знае

Седницата за прашањето за доверба на Владата е повторно прекината за еден час на барање на заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

Покренувачите на Иницијативата, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Беса го немаат потребното мнозинство за гласање недоверба на Владата, откако стана јасно дека пратеникот Кастриот Реџепи од Беса не присуствува на седницата, иако е потпишан на иницијативата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На опозицијата ќе и фали пратеник: Реџепи од БЕСА нема да учествува на собраниската седница за гласање недоверба на Владата

Претседавањето со седницата го презеде потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели, кој доаѓа од Беса и е еден од потписниците на Иницијативата. По самиот почеток, седницата ја напушти претседателот на Собранието, Талат Џафери, а на неа не присуствуваат ниту пратениците на СДСМ и ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во салата има само 60 пратеници: Почна собраниската седница за гласање доверба на Владата, Џафери си замина

Во салата при првото пребројување имаше 61 пратеник, но со напуштањето на Џафери сега има само 60. За кворум се потребни најмалку 61 пратеник.

Како ќе продолжи седницата и дали ќе дојде до гласање останува да се види во текот на денот.

Според членот 95 од парламентарниот Деловник, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници, односно 61.

Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.

Деловникот предвидува дека координатор или заменик координатор на пратеничка група во текот на денот може само еднаш да побара прекин на седницата во траење од еден час.

Исто така, предвидено е и дека претседателот на Собранието може да ја прекине седницата по барање на координатор или заменик координатор на пратеничка група, заради доставување на стенографски белешки од обраќање или образложение на предлагачот, дадено на почетокот на претресот по одделна точка од дневниот ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Двајцата ковид-позитивни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, во скафандери пристигнаа во Собранието

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Зоран Димитровски, новиот заменик министер за надворешни работи

Редакција

Моторџиите на протестот порачаа: Обвинителите и судиите со одлуките за условни казни, директно влијаат на хаосот на улиците во кои гинат невини луѓе

Редакција

(Видео) Полицајците ги соблекоа униформите, Србите ги напуштија сите косовски институции

Редакција