еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Касами пријави во МВР дека пратеникот на Беса, Реџепи е исчезнат

Власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа. Ова веќе е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт, изјави вечерва претседателот на Беса, Биљал Касами.

Касами информираше дека „пријавил оти пратеник на движењето Беса е исчезнат“, како и неговото најблиско семејство – мајка, жена и син и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен.

– Оваа власт станува криминална. Пратеник на Собранието на Република Македонија да исчезнува 24 часа и никој да нема информации каде се наоѓа, ова веќе не се работи за евроинтеграции.

Не се работи за власт и опозицијата, се работи за животот на луѓе. Значи, човекот, пратеник со имунитет и неговото најблиско семејство. Затоа повикувам до премиерот и до сите власти да најдат каде е пратеникот и да објаснат зошто пратеник на Собранието на Северна Македонија 24 часа не е достапен и не е слободен да се движи согласно тоа што му го обезбедува Уставот и законот, изјави Касами, вечерва пред Собранието.

Прашан како го коментира тоа што Кастриот Реџепи се јавува преку социјалните медиуми, Касами рече дека тоа е дополнителен доказ дека тој може под сила да даде секакви изјави.

– Се додека не излезе пред јавноста и да каже кој е неговиот став, јас може да претпоставувам. После ова што се случи 24 часа да не биде достапен, не 61, власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа.

Значи, веќе ова е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт, изјави Касами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Се јави Реџепи од Беса: Добро сум, се ќе раскажам кога ќе поминат заканите

Касами се сомнева дека неговиот сопартиец Реџепи против своја волја не дошол во Собранието

МИА/Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

45-годишна жена пронајдена почината во дом кај Бит Пазар

Редакција

Нови 31 случај на Ковид-19 во Тиквешијата

Редакција

Зголемени температури и високо УВ-зрачење: Препораки за заштита на здравјето

Редакција