еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Таравари парите за осветлување на Гостивар за Нова година ќе ги донира на Центарот за аутизам

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил информираше дека парите за осветлување на Гостивар за Нова година ќе ги донира на Центарот за аутизам, кој е во изградба.

“Со гордост можам да соопштам дека буџетските пари за светлосно украсување на градот по повод новогодишнитр празници, јас и мојот тим планираме да ги донираме во Центарот за аутизам што се гради во градот.

Верувам дека сите ќе се согласат да го одминеме јавното украсување за Нова година, и така да заштедиме енергија, но пред се ќе придонесеме таму каде најмногу е потребно, во Центарот за аутизам“, напиша тој.

Фото: Општина Гостивар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Наградени најдобрите работници на „Sport Life“ за 2022 година

Редакција

Силно невреме поплави куќи во Тетово

Редакција

Скопје заостанува две децении од современа, чиста, функционална метропола, велат од О2 Иницијатива

Редакција