еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Трајан Ангелоски нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, доаѓа на местото на Данела Арсовска

Трајан Ангелоски е избран за нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ).

Собранието на Сојузот го потврди изборот на денешната седница.

Ангелоски е косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал“, со која успешно раководи повеќе од 10 години.

Тој досега беше претседател на Индустриска комора, a по професија е машински инженер и магистер по технички науки.

Активностите на новиот претседател ќе бидат насочен кон заштита на претпријатија и унапредување на организациската структура на Сојузот.

„Вредноста на Сојузот како организација е во валоризација на претприемништвото и на семејни мали и средни компании чиј раст и развој ја носи целокупната економија напред. Ќе бидеме насочени кон поттикнување на економски политики за создавање на здрава деловна клима со имплементација на најдобрите светски практики, се со цел непречен раст и напредок на деловните субјекти.

Сојузот досега се наметна како значаен фактор во креирање не економските политики и цели кон тоа да стане водечка деловна мрежа во Југоисточна Европа“, истакна Ангелоски.

На предлог на новиот претседател избрани се и тројца нови потпретседатели, Александра Андреева, член на Управниот одбор на Сојузот, Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителската комора и Ивица Јакимоски, претседател на Градежната комора, а потврдени се и досегашните потпретседатели Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители и Габриела Кулебанова.

Досегашната претседателка на ССКМ, Данела Арсовска, стана градоначалничка на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе излезе ли Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје и од Надзорниот одбор на Капитал банка

(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје

Фото: ССКМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресуди за „крвавиот четврток“: Чавков осуден на 18 години затвор, Нинџа на 8 години, Игор Дурловски е ослободен…

Редакција

Петтото издание на Флипбук Филм Фестивал ќе се одржи од 8 до 11 август

Редакција

Субвенционирана струја побарале уште 21 прехранбена компанија, 17 училишта и три комунални претпријатрија

Редакција