еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Најлоша варијанта досега: Во Јужна Африка откриен нов опасен сој на Ковид-19, СЗО свика итен состанок

Свестската здравствена организација (СЗО) денеска одржува итен состанок за новиот сој на коронавирусот откриен во Африка, што може да има зголемен број мутации, јави британски „Фајненшл тајмс“.

Тулио де Оливеира, директор на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во Јужна Африка, на претставниците на СЗО им ја пренесе својата загриженост во врска со новиот сој на коронавирусот Б.1.1.529, за кој се стравува дека е досега најлошата идентификувана варијанта на вирусот.

-СЗО потоа одлучи да одржи вонредна седница, изјави Де Оливеира за „Фајненшл Тајмс“.

Експертите на СЗО, наводно, ќе разговараат дали новиот вид треба да се дефинира како нешто што предизвикува „загрижување“ или како варијанта „од интерес“.

За време на вчерашната прес-конференција, Тулио де Оливеира изјави дека новиот сој има многу голем број мутации, што носи ризик од брзо ширење на болеста.

Според последните податоци, оваа нова варијанта на коронавирусот во Јужноафриканската Република е дијагностицирана кај вкупно 77 лица.

Исто така, новиот сој бил дијагностициран кај четири лица во Боцвана и едно во Хонг Конг (лице кое дошло од Јужна Африка).

Некои светски лидери веднаш реагираа на веста за појавата на новиот сој, најавувајќи нови мерки на претпазливост и ограничувања за патување, додека берзите ширум светот забележаа пад предизвикан од неизвесноста.

Д-р Марија Ван Керкове, техничкиот лидер на СЗО за Ковид-19, на вчерашната прес-конференција кажа дека се уште не се знае многу за оваа варијанта.

-Тоа што го знаеме е дека оваа варијанта има голем број мутации. А загриженоста е дека кога имате толку многу мутации, тоа може да влијае на тоа како се однесува вирусот, рече Ван Керков.

Таа додаде дека истражувачите ќе се состанат за да „сфатат каде се наоѓаат овие мутации и што тие потенцијално би можеле да значат“ во однос на тоа дали се попреносливи или дали имаат потенцијал да го избегнат имунитетот.

Во Израел откриен првиот случај на новиот опасен вид на коронавирусот

Во Израел е откриен првиот случај на зараза со новиот вид на коронавирус Б. 1.1.529, кај граѓанин кој се враќал од Малави, соопшти денеска прес-службата на израелското Министерство за здравство.

– Видот на коронавирус, откриен во неколку земји во јужна Африка, е пронајден во Израел кај граѓанин кој се вратил од Малави. Покрај тоа, постојат сомневања за уште два случаи на зараза кај странски државјани кои во моментов чекаат тестови во изолација, се вели во соопштението.

Агенцијата ДПА претходно јави дека во Јужноафриканската Република се шири нова варијанта на коронавирусот која предизвикува загриженост.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продадени три стана и гаража на Мијалков за 332 илјади евра

Редакција

Eкс-Југославија застана зад Македонија: Со Декларација се бара Бугарија да не ја злоупотребува историјата

Редакција

(Видео+фото) Македонското знаме на церемонијата „пуџа“, на Хималаите

Редакција