еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари обвинува дека власта нудела пари на пратениците за обезбедување на мнозинство, Заев се закани со тужба

Градоначалникот на Општина Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во гостувањето на телевизија Сител, рече дека власта ѝ нудела пари на пратеничка од неговата партија за да премине во актуелното парламентарно мнозинство.

„Во оваа држава сѐ може да се направи. Пратеничката добила понуда од другари на премиерот. Ова е циркус-држава,“ рече Таравари.

По повод оваа изјава на Таравари од владината прес-служба стигна соопштение во кое се вели дека „премиерот Зоран Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници“.

„За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини,“ соопшти Владата.

Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанец пронајден мртов на фарма, делови од неговото тело биле изедени од свињи

Редакција

Одредени мерки на претпазливост за обезбедувачот во „Сити Мол“ кој пријави лажна бомба

Редакција

Нова Уредба: Договорните услови на кредитите ќе се менуваат 90 дена по вонредната состојба

Редакција