еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алтернатива наместо денеска, утре ќе одлучува дали ќе бидат дел од Владата

Седницата на Централниот совет на Алтернатива на која требаше вечерва да се одлучува дали партијата ќе биде дел од Владата се одложува за утре.

Од партијата појаснуваат дека одложувањето се должи на тоа што денес ќе бидат погребите на 45. настрадани лица во сообраќајната несреќа во Бугарија.

-Седница на Централниот совет на Алтернатива ќе има во сабота во 18 часот во партиското седиште во Тетово, изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани.

Јавноста ја чека дефинитивната одлука дали партијата на Африм Гаши, Алтернатива ќе биде дел од Владата. Партијата за тоа ќе одлучува на седница на највисокото партиско тело – Централен совет.

Гаши имаше три средби досега со претседателот на СДСМ, Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на нивните четворица пратеници.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За СДСМ сценаристи на инцидент со Јанакиески и Ристоски во затворот во Шутка се Мицкоски и Груевски

Редакција

“Охриѓани багер дан требит?“: Охрид, УНЕСКО и дивоградбите топ тема на Твитер

Редакција

Боки 13 барал два милиони евра од бизнисменот Митровски, тврди адвокатот Бошков

Редакција