еМагазин
Image default
Македонија

Од ЛДП прво чекаат Заев да ги информира за договорот со Алтернатива, па ќе одлучат дали го прифаќаат

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски очекува премиерот Зоран Заев прво да ги извести во каква влада влегуваат, по договорот со Алтернатива, а потоа во партијата ќе одлучат дали е тоа прифатливо или не за нив.

„Немаше потреба да се прават овие театри еден месец и да се дефокусира јавноста, бидејќи државата има еден силен предизвик во декември, а тоа е почеток на преговорите со Европската Унија и целата енерија на политичките чинители треба да се насочи кон решавање на овој проблем којшто ќе значи подобар животен стандард на граѓаните, наместо да се занимаваме со личните позиции и кадровските решенија коишто очигледно се договорени,“ изјави Милевски, чија партија заедно со ДОМ е дел од владината коалиција

Заедно со ДОМ, ЛДП имаат тројца пратеници и едно министерско место. Милевски е министер за локална самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои ресори освен здравство, ќе ѝ припаднат на Алтернатива

Заев и Гаши се договорија: Алтернатива влегува во Влада, Филипче излегува

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради отстуство на Оља Ристова, одложено рочиштето за „Титаник 3“

Редакција

Миле Јанакиески поднел претставка до Хелсиншкиот комитет за човекови права

Редакција

Ганка Цветанова „удри„ по Димитров и Ременски за македонското малцинство во Грција

Редакција