еМагазин
Image default
Бизнис

За 3,5 денари се намалува цената на бензинот и на дизелот

За 3,5 денари се намалува цената на бензинот и дизелот, а за три денари цената на екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од полноќ, „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 71 денар за литар, „еуросупер БС-98“ за 73 денари за литар, а дизелот за 63 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 62,5 денари за литар.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на падот на цените на светските берзи, велат од РКЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви се очекувањата на Комерцијална банка за претстојниот период?

Редакција

25 години успешно деловно работење: РЕХАУ отвори нов изложбен салон во Македонија

Редакција

Годишен раст на вкупните депозити и кредити во август

Редакција