еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Омикрон е регистриран во 57 земји, потребни се повеќе податоци за да се види, дали се намалува заштитата од вакцините

Во неделниот епидемиолошки билтен на Светската здравствена организација (СЗО) се посочува дека „од 7 декември 2021 година, омикрон варијанта на коронавирусот е потврдена во 57 земји. Неговото присуство е забележано во сите шест региони на СЗО“.

Експертите посочија на фактот дека бројот на откриени случаи на коронавирусот во моментов рапидно расте во Јужна Африка. Иако причините за ова зголемување сè уште не се познати, тие велат дека ширењето на омикрон во регионот е „веројатно“, а зголеменото тестирање на населението за ковид одигра улога, бидејќи сојот беше класифициран од СЗО како заканувачка варијанта.

Организацијата нагласува дека „прелиминарните анализи покажуваат дека мутациите во омикрон варијантата можат да ја намалат неутрализирачката активност на антителата, што доведува до намалена имунолошка заштита“.

СЗО верува дека ова е можеби објаснувањето „зошто оваа варијанта се чини дека брзо се шири меѓу високо имунизираните популации, како што е случајот во ЈАР“.

Според СЗО, потребни се повеќе податоци за да се процени ефекасноста на вакцините против сојот омикрон.

„Потребни се повеќе податоци за да се процени дали мутациите својствени на варијантата омикрон може да доведат до намалена имунолошка заштита од вакцините“, велат експертите.

Според нив, потребни се повеќе „податоци за ефикасноста на вакцините, вклучително и употребата на дополнителни дози“.

Во извештајот се нагласува дека „СЗО ќе продолжи да работи со своите партнери за следење и оценување на овие податоци веднаш штом ќе станат достапни“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преносливост, тежина на болеста, ефикасност на вакцините: Што досега знаеме за новиот сој на Ковид-19, Омикрон

Проф. Трајковски: Новиот сој омикрон во Македонија ќе пристигне пред новогодишните празници

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Насер Нуредини, новиот министер за животна средина: Инвестициски банкар и консултант ќе не спасува од загадувањето

Редакција

Врховниот суд на Колорадо му забрани на Трамп учествo на претседателските избори

Редакција

(Фото) Реконструкцијата на Универзална сала треба да заврши до 2026 година, еве како изгледа сега

Редакција