еМагазин
Image default
Македонија

Од февруари ќе се применува постапка на лотарија за термини за визи за Германија

Германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн објави дека од февруари Амбасадата ќе го подобри системот за доделување термини за т.н. визи за Западен Балкан.

– Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 година секој месец ќе се применува постапка на лотарија.

За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели).

Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година, напиша Холштајн на Фејсбук.

Поопширни информации можат да се најдат на веб-страницата skopje.diplo.de.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој сѐ помилува претседателката Сиљановска Давкова

Редакција

Директорот на РЕК Битола бара извинување од Антовски од ВМРО-ДПМНЕ: Ако има индиции за незаконска работење доказите нека ги даде на институциите

Редакција

Маж од Богданци вербално ја нападна претседателката на Уставен, Кацарска

Редакција