еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во пожар во скопски Аеродром загина неподвижна жена

Скопската Противпожарна бригада синоќа изгасна пожар во стан во нова зграда на улица „Методиј Шаторов-Шарло“ во Аеродром, во кој загина повозрасна неподвижна жена.

Командантот на Противпожарната бригада, Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот го зафатил делот со креветот каде лежела жената, која била сама во станот и поради тешката здравствена состојба не можела да побегне.

Од МВР информираат дека околу 21 часот полицијата добила пријава за пожар во стан на ул. „Методија Шаторов – Шарло“, сопственост на  М.Ш.(1955), која била во станот и починала.

-Од страна на доктор во 21:30 часот констатирана е смрт. Пожарот е изгаснат од страна на БППЗ. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција, велат за МИА од МВР.

Екипа на Министерството за внатрешни работи и Јавен обвинител вршат увид во опожарениот стан кај починатата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија нема небезбедни минерални води и газирани пијалаци, тврдат од АХВ

Редакција

(Фото) Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од Централен регистар

Редакција

Бугарија не гледа причина да го смени ставот и бара исполнување на обврските

Редакција