еМагазин
Image default
Македонија

Заев останува премиер до средината на јануари, а можеби и подоцна, тврди Груби

Првиот вицепремиер Артан Груби, од редовите на ДУИ, во гостување во „Click Plus“ на ТВ21 рече дека во следните недели премиерот во заминување, Зоран Заев ќе продолжи да биде премиер.

Според него, тоа така ќе биде се до средината на јануари, односно во зависност од преговорите со Бугарија, но исто така и од имплементацијата на новиот договор за Влада.

„Овие следни недели не, ќе треба да се заокружи овој процес и сметам дека во средина на јануари, можеби и подоцна, зависи и како ќе се постигне договорот со Бугарија, но не оваа година, според преговорите што ги имаме досега“, рече Груби.

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата забрани групирање на јавни површини на повеќе од четири лица во текот на целиот ден

Редакција

Ременски, Боки 13, Мандиќ на суд: Почнува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“

Редакција

Случај „Македонска банка“: Груевски ја повлекол тужбата за клевета против Заев

Редакција