еМагазин
Image default
Локално

Акција на МВР во Скопје, запленети над 100 килограми марихуана

Во близина на Скопје, вечерва МВР во голема полициска акција заплени над 100 килограми марихуана.

МИА дознава дека освен заплената дрога, во акцијата има и преведени лица.

Акцијата се спроведува на влезот на Скопје, од страна на Тетово.

Од МВР само потврдуваат дека ваква акција е во тек, а детали најавуваат по нејзиното завршување, во текот на утрешниот ден.

Ова е втора голема заплена на марихуана во период од два дена, откако МВР и во текот на вчерашниот ден заплени околу 100 килограми марихуана.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанка нападната и ограбена сред улица

Редакција

39-годишна жена од Тетово го убила 51-годишниот невенчан сопруг, доби 30-дневен притвор

Редакција

Пронајден затвореникот кој и побегна на затворската полиција кога го враќала од Клинички

Редакција