Омикрон-обрачот веќе прилично се стеснува околу Македонија. Новиот сој не е секвенциониран само во сиромашните земји во Источна Европа и на Балканот, инаку тој веќе пристигнал дури и во малиот и изолиран Исланд, пишува проф. Дејан Трајковски во неговата најнова анализа за ковид-состојбата во земјава.
„Заклучно со 18.12.2021 сојот омикрон е секвенциониран во 89 земји во светот и секој ден се додаваат просечно по три нови земји на списокот: nbcnews.com.
Моментално вирусот е веќе раширен во 50% од земјите во светот и шансите тој веќе да има влезено во земјава се приближно исто толку големи, ако не и поголеми.
До петок, католички Божик, во земјата ќе пристигне голем контингент печалбари од западноевропските земји и тогаш веројатноста ќе се покачи за барем уште 20-30%.
Во прво време вирусот тивко ќе се пренесува и ќе останува под радарот, но кон средината на јануари неговото присуство – дури и без секвенционирање на геномот – ќе го регистрираме преку порастот на ефективниот репродукциски број Rt и растот на дневниот број на нови случаи.
Времето за превентивна акција ни истече, од овој момент речиси ништо повеќе не може да се стори. Нека е со лесно,“ пишува Трајковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Пановски: Омикрон најверојатно е веќе присутен во Македонија
Фото: Трајковски/Фејсбук