еМагазин
Image default
ЖИВОТ

40-годишна жена во Македонија истовремено заразена и со Ковид-19 и со грип

Според матичниот лекар д-р Мира Атанасова, деновиве Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и доставил извештај за 40-годишна пациентка, која има двојна инфекција и Ковид-19, но и инфлуенца од типот Б, објави весникот Вечер.

-Основна разлика меѓу грипот и коронавирусот е што инфлуенцата почнува ненајавено и за неколку часа пациентот може веќе да залегне, да има висока температура, болки во грлото, суво кашлање, главоболки, течење на носот, болки во коските, зглобовите и мускулите.

Во ваков случај веднаш треба да се почне со терапија и задолжително да се користат електролити, вели за Вечер, д-р Атанасова.

Според ИЈЗ, во моментов за два и пол пати е зголемен бројот на заболени од сезонски грип во однос на истиот период лани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Чадиковски со интересна споредба на ситуацијата со вариола вера во Југославија и Ковид-19

Редакција

Како до здравствена заштита базирана на вредности за онколошките пациенти

Редакција

„Обој го светот портокалово“: Една од три жени на возраст од 15 години биле изложени на физичко или сексуално насилство

Редакција