еМагазин
Image default
Македонија

Оваа година ќе нема предлог за новогодишни помилувања, Министерството за правда ја поништи листата

Министерството за правда информира дека оваа година нема да проследи предлог за новогодишни групни помилувања на осудени лица односно дека листата целосно се поништува.

Како што информира во соопштение до медиумите, оваа одлука ја донело по консултација со Управата за извршување на санкциите.

-Ова се прави со цел да се даде време најнапред да се допрецизираат критериумите и законски да се зајакнат филтрите во однос на тоа како се составуваат листите со предлози на лица кој треба да бидат помилувани, се наведува во соопштението на Мнистерството за правда.

Се додава и дека во Министерството постои работна група која  работи на составување нов предлог-закон за помилување со кој, како што наведува, „ќе се зацврстат критериумите и ќе се дефинираат нови построги услови за тој кој може да биде помилуван“.

-Со тоа сметаме дека ќе минимизираат шансите на овие листи во иднина да се најдат лица кои во јавноста предизвикуваат сомнеж за нормалното функционирање на правниот систем, стои во соопштението на Министерството за правда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акција “Синџир”: Приведени неколку лица осомничени за економски криминал

Редакција

Груевски не ги коментира исклучувањата од партијата, но посакува обединето ВМРО-ДПМНЕ кое ќе го урне злото

Редакција

Левица поднесе Предлог-закон за намалување на платите на уставните судии

Редакција