еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Атиџе жртва на напади на Фејсбук: Срцево ми е полно тага, не заслужувам да ме понижуваат, да имам пари и јас ќе помагам

Хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова е жртва на напади на Фејсбук, објави ММС.

Таа во разговор за ММС вели дека блиски луѓе и кажувале оти на Фејсбук со погрдни зборови ја озборувале, но и дека не е прв пат да пишуваат такви лоши работи за неа.

„Многу сум тажна. Седев на скалите  во куќата во Дорфулија и плачев. Размислувам се да оставам и куќа и покуќнина и да си се вратам во Бекирлија, каде до вчера живеев. Таму немав вода, немав струја, немав никакви услови за живот, ниту соседи, ама имав мир.

Имам пчели, имам крава и куче и пеев. А овде? Овде плачам. Како е можно вака да се живее, вели Атиџе.

Таа најмногу е разочарана од злобните луѓе кои на Фејсбук ја озборувале како таа добила куќа, како добивала донации, а за последното патување во Истанбул имало и вулгарности.

“Мене ми е срам да ги изговорам тие вулгарности кои ги напишале. Вистина се срамам. Ако ми требаше маж ќе си најдев, а не вака. Јас од никого никогаш ништо не сум побарала. Ниту донации барав. Да, ми се помогна за куќата, сите знаат каква беше и како изгледа сега. Ама ме озборуваат како да ми се дале милиони. Како да сум милионерка.

Да имам пари и јас ќе помагам. Ама јас живеам со 5.000 денари месечо. Од тие пари плаќам сметки, купувам дрва, од тие пари се хранам и живеам. А ме понижуваат. Јас не го заслужувам тоа. Не заслужувам да ме понижуваат.

Еве прашајте и колку сум добила од филмот, да не ме озборуваат само. Навистина не сум заработила милиони, па да поминувам низ оваа голгота“, вели Атиџе и додава:

“Пари, пари, пари и само пари. Аман веќе од тие пари. Ќе оставам и куќа и се. Ако треба ќе ја вратам куќата на тие од филмот и ќе си се вратам во Бекирлија и аман веќе. Јас не сакам никого да навредам и молчев ама ова веќе не се трпи.

Жива ме изедоа, ме сотреа од озборување, демек само ми се помагало. А ми кажале дека го злоупотребуваат моето име за да продаваат мед, дека многу луѓе лажејќи дека е мој медот заработуваат“, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Промовиран спотот за песната на Атиџе и Турунџиева, „Од Бекирлија до Битола“

(Фото) Атиџе за новата куќа доби трпезарија во медова боја

(ВИДЕО) „Иста судбина“, дует на Атиџе и на Сузана Турунџиева

(Видео+Фото) Новата куќа на Атиџе речиси готова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фотографија од средбата со Ципрас, открива што чува Заев во витрината во неговиот кабинет

Редакција

Акцелераторот на Онкологија купен пред 7 години ќе почне да се употребува за 3 месеци

Редакција

(ВИДЕО) Д-р Даниловски: Изолацијата кај омикрон сојот треба да се намали на пет дена

Редакција