еМагазин
Image default
Бизнис

Од денеска почнува исплатата на декемвриските пензии

Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Пензиите, како што посочуваат, ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.

– Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2021 година (понеделник); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2021 година (вторник); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.12.2021 година (среда); и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.12.2021 година (четврток), наведуваат од МТСП.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

– Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи, се вели во соопштението.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

– Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје, наведуваат од МТСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен договор за снабдување, ЕСМ треба да понуди и договор за откуп на енергија од фотоволтаици, велат од ЕВН

Редакција

Кој се најде на новата Листа на должници на УЈП?

Редакција

Стопанска банка Битола ја зголеми добивката

Редакција