еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нова група „Јавна соба“ отворена по трет пат на Телеграм, се споделуваат фотографии и лични податоци од девојки

На социјалната мрежа Телеграм отворена е нова група „Јавна соба“ во која се споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија, објави Телма.

Групата за еден ден брои 219 членови, а досега се споделени 61 фотографија и 14 видеа.

Од МВР за „Мета“ изјавиле дека „веднаш постапуваат за оваа нова група согласно сите надлежности, а и го известиле обвинителството.“

Скандалот со „Јавна соба“ беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата на социјалната мрежа Телеграм.

Тогаш групата беше затворена, но во јануари годинава повторно беше отворена нова група. ОЈО во месец април по силни реакции во јавноста, поднесе обвинение прототив две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Првиот бакнеж ми беше со Бајага: Данијела Мартиновиќ во „Еден на Еден“

Редакција

80,3% од починатите од Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

(ВИДЕО) „На Велигден“ од дома со Џокси и хорот „Мирче Ацев“

Редакција