еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За време на Новогодишните празници возете одговорно и безбедно, апелираат од РСБСП

Бидете внимателни за време на Новогодишните празници. Возете одговорно и безбедно, апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Од РСБСП препорачуваат во текот на Новогодишните празници да не се вози под дејство на алкохол. Возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ги почитуваат правилата за нејзиното ограничување, да не се користи автомобилот доколку немате потреба и да се користи зимска опрема.

Се препорачува возилото да биде технички проверено и исправно, постојано да бидеме информирани за состојбата на патиштата, да се внимава на ниските температури и на појавите на снег и голомразица.

Од РСБСП наведуваат дека не треба да се користи и мобилен телефон додека возите, да се користи сигурносен појас и да се почитуваат ги правилата и сите учесници во сообраќајот.

– Новогодишните празници се време за одмор и уживање, за радост, споделена среќа и дружење со најблиските! Токму затоа тие се и период на поголема раздвиженост на луѓето, зголемен број на возила на патиштата и повеќе патувања.

Прославете ги одговорно и возете внимателно и безбедно. Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши спокојството и благодетот. Обрнете внимание на зголемената фрекфенција во сообраќајот, вклучете се во него совесно, возете одговорно и патувајте безбедно до посакуваната дестинација, се посочува во апелот од РСБСП.

Заеднички интерес на сите нас, се подвлекува, е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и подигањето на свеста за совесно учество во сообраќајот.

– Да покажеме дека културата на однесување во сообраќајот, особено за време на Новогодишните празници е на издигнато ниво. Заеднички да придонесеме за зголемувањето на безбедноста на секој учесник во сообраќајот, се вели во соопштението од РСБСП.

Фото: Photo by why kei on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште една жртва на пукањето во белградското училиште: Почина тешко ранетото девојче

Редакција

Мажот од Кочани кој уби жена со 40 убоди од нож доби доживотен затвор

Редакција

Двете новопочинати лица од коронавирусот во Македонија имале претходни заболувања

Редакција